Груевски: СДСМ повеќе не може да ја манипулира јавноста

Од:

СДСМ со обвинувањата за наводно фалсификување на пасоши шири груби манипулации и сосема е јасно како „Фокус“ има дојдено до материјалите и идејата за овие обвинувања. Тоа е груб обид да се наметне на некого вина дека изборите ги изгубиле зашто некој фалсификувал 200.000 гласови.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по засадувањето дрвце кај салата „Јане Сандански“ во Скопје во рамките на акцијата „Ден на дрвото“.

– Жалам што оваа генерација на политичари од СДСМ е цврсто убедена дека со манипулации, монтажи, афери и негативна енергија може да дојде до власт и да ја освојат довербата на граѓаните. Нас како ВМРО-ДПМНЕ ни одговара таквото нивно однесување, бидејќи сме убедени дека на тој начин не можат да успеат, но не е здраво за демократијата да се има застранета опозиција која не е фокусирана на нови идеи и проекти. Би било подобро за државата издржани идеи да доаѓаат од повеќе страни, изјави Груевски.

Тој посочи дека опозицијата знае да нафрли некоја не добро обмислена идеја само колку да се каже и да изгледа популистички, но нема нешто посериозно и добро обмислено.

– Тие се целосно фокусирани на темна кампања, измислици, шпекулации, монтажи,…, а потоа некој друг им е крив кога ќе го доживеат наредниот неуспех, а само тие самите не си се криви. Со измислена афера за фалсификување пасоши, СДСМ не може повеќе да ја манипулира јавноста. Можеби тоа можеше да го прави во деведесетите години од минатиот век, но сега по толку поминати изборни циклуси веќе не, потенцира Груевски.

Тој истакна дека СДСМ се обидува да го манипулира народот со покажување некое мало машинче наместо машината за правење пасоши која е огромна и очекуваат некој да им верува дека на тоа се изработени 200.000 фалсификувани пасоши.

– Денеска на 20 луѓе да им дадете таков пасош и да им кажете одете да гласате ќе се дознае и некој ќе си каже и ќе излезе на виделина, а камоли да им дадете на 200.000, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ