А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: СДСМ лаже за законот за албанскиот јазик, тоа не е чесно за Албанците

by А1он19/09/2017 - 23:1519/09/2017 - 23:21579
Share0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за емисијата „200“ на Алсат, кажа дека партијата не била никогаш против Албанците, ниту дека на митинзите некој извикувал против Албанците. Тој кажа дека протестите на кои се извикуваа пароли против Албанците не биле протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

Груевски на прашањето како реагира на изјавите на Гордана Јанкулоска која Албанци ги викаше Индијанци рече:

-Не знам дали ги нарекувала така, станува збор за креирани материјали, но не знаеме како СДСМ ги нарекува. Станува збор за креирани материјали. Ги осудувам сите навреди кон било кои луѓе, ако има навреди кон Албанците ги осудувам тие навреди, рече Груевски.

Зошто ние би биле против Албанците, јас бев премиер на сите Албанци. Не е случајно што државната администрација која вработуваше 10 проценти Албанци сега вработува 20 проценти во државната администрација благодарение на ВМРО-ДПМНЕ.

Вложивме 400 милиони евра за автопатишта каде доминантно население се Албанците.

Законот за албанскиот јазик, Груевски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува зошто економијата била најважна за Албанците, но и дека законот не бил уставен и можеби ќе паднел на Утавен суд.

-ВМРО-ДПМНЕ нема против употребата на јазиците на сите етнички заедници, 2008 година се донесе законот за употреба на јазиците во време на ВМРО-ДПМНЕ. Ние не сакаме да се донесе Закон кој е противуставен и да падне на Уставен суд. СДСМ оди на картата пред локалните избори да понуди закон за албанскиот јазик, со кој се зголемуваат правата на начини спротивни на Уставот. И тоа што го планираат по изборите, или ќе го коригираат или ќе го променат што не е чесно за Албанците. Сите членови на МАНУ кои го поддржуваат СДСМ, јавно говорат дека законот е неуставен и дека ќе падне на Уставен суд, рече Груевски.

alsatgruevski

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:4005/12/2025 - 22:04

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

Катерина Ѓуровски09/07/2025 - 14:45

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:55

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Горан Наумовски05/03/2025 - 12:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен