Груевски: Сакаме да се запечати нашата националност, јазик и идентитет

Од:

„Сакаме да направиме силна држава, да се заврши приказната со македонското прашање и да се запечати нашата националност, јазик и идентитет. Да направиме посилна економска држава, да донесеме повеќе странски инвеститори и да ги орахбриме и помогнеме домашните инвеститори“. Ова премиерот Груевски им го порача на македонските иселеници во Торонто, на кои им се зблагодари за досегашната поддршка.

„Во овие прашања ако од некаде имаше непоколеблива поддршка тоа беше од македонската дијаспора од Канада, од Америка, од Австралија. Тоа е голем придонес. Можеби вие тоа не го чувствувате толку многу, но тој што е изложен на притисоци, тој кој е изложен на критики, а тоа сме во моментот ние и целата група што работи со мене, целиот тим, нам тоа многу ни значи. Многу ни значи тоа што не ја заборавате Македонија, истакна Груевски.

Македонскиот владин тим, во чиј состав се и заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони Виктор Мизо, претходно во Монтреал на средба со канадски бизнисмени ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.

„Добро е што сме тука со владината делегација да се сретнеме со бизнисмените кои во текот на следните години очекуваме дека ќе покажат интерес, ќе дојдат во нашата земја да ја посетат и ќе направат напор да ги проверат овие работи и да видат на лице место дека Македонија им нуди добри можности за инвестирање во Европа. Очекувам низ средбите со стотици канадски и американски бизнисмени во следните денови да оствариме контакти што во иднина ќе овозможат реализација на нови инвестиции и отворање на нови работни места што е основната цел и задача на Владата при секоја нова дестинација, при секоја посета во странство и презентација на бизнис можностите за вложување во Македонија“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада