Груевски: Реализацијата на делницата Демир Капија – Смоквица над очекувањата

Од:

Работите за изградба на автопатската делница Демир Капија – Смоквица се одвиваат над очекувањата и досега од планираните 7,9 проценти реализирани се над 11 проценти.

Расчистени се околу 85 проценти од трасата на автопатот во изградба и се работи на пробивање на тунелските цевки од првиот тунел. До овој момент во десната тунелска цевка пробиени се околу 300 метри, а во левата околу 250.

Според премиерот Никола Груевски, кој денеска беше во обиколка на градежните работи, се работи за сериозна инвестиција во вредност од околу 220 милиони евра.

– Досега се исплатени околу 24 милиони евра, а до крајот на годината ќе бидат исплатени околу 55 милиони евра. Следната година се планира да бидат инвестирани дополнителни 55 милиони евра и година подоцна околу 60 милиони евра и преостанатиот дел во првите осум месеци од 2016 година кога треба да заврши изградбата на овој автопат, изјави Груевски по обиколката на која беше придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Со завршувањето на оваа делница ќе биде завршен целиот автопат почнувајќи од границата од Србија до границата со Грција.

Делницата Демир Капија – Смоквица ќе биде автопатско решение со по две ленти, секоја од нив со ширина од 3,5 метри. Планирано е да бидат изградени два тунели во должина од 1.200 и 1.100 метри, како и шест мостови од кои најголемиот во должина од околу 660 метри.

Предвидени се и две клучки кон населеното место Миравци и Смоквица. Камен-темелникот за изградба на автопатот беше поставен на Денот на државноста – 8 Септември.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри