Груевски: Приоритет се евроатланските интеграции и развојот на економијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е насочена и посветена кон изнаоѓање на решенија кои се во насока на почитување на волјата на граѓаните и во функција на надминување актуелната политичка криза и креирање на услови за напредок.

Ова во среда го изјавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на средба со заменик помошникот државен сектратар задолжен за прашања за Европа и Азија Хојт Брајан Ји.

Соговорниците разговараа и за реформите за унапредување на состојбите во различните сфери кои се поврзани со интеграциските состојби. Груевски посочи дека приоритет се чекорите кои се поврзани со акцискиот план на ЕУ во насока на континуирано унапредување на стандардите во повеќе области поврзани со интеграциските процеси.

Груевски истакна дека приоритет останува и развојот на економијата, отворањето на нови работни места и заштита и унапредување на животниот стандард останува главна задача во политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ од стратешки интерес останува членството во НАТО алијансата како и интеграцијата во Европската Унија при што е исклучително важна поддршката од различните партнери во остварувањето на зацртаните цели.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно