• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Груевски: Предвремени избори, само ако не функционираат институциите

by А1он16/09/2012 - 16:1716/09/2012 - 17:05213
Share0

Премиерот Никола Груевски денеска кажа дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека законот за бранители треба да биде донесен.

Добивај вести на вибер

„Остануваме на ставот дека законот за бранители треба да се донесе и ќе ги направиме сите можни чекори и што е во наша моќ тој да биде донесен“ рече тој при посетата во скопското село Стајковци.

Груевски ја оцени политичката ситуација како исклучително сложена и најави дека однесувањето на неговата партија ќе зависи од многу работи што ќе се случуваат во иднина, имајќи го во предвид и случувањето во комисијата каде што се наоѓа предлог законот за бранители.

“Како ќе се однесуваат другите политички партии останува да видиме. Ние кажавме дека не посакуваме предвремени парламентарни избори, но доколку бидеме доведени во таква ситуација, не се плашиме и сме подготвени да влетаме во такви предвремени парламентарни избори и да ја добиеме довербата на граѓаните затоа што работиме одговорно чесно и посветено, а тоа што го ветуваме – го исполнуваме“, изјави Груевски.

Според него најважно е институциите да функционираат, а доколку се детектира нивно нефункционирање или пак непринципиелности од одредени страни, тогаш партијата на власт ќе побара предвремени парламентарни избори.

„Доколку некој друг сака да функционира со непринципиелни работи, а деновиве слушам дека се зборува за бранкова, за привремена влада, за техничка, за фрчкова влада. Ако тие луѓе сакаат да ја водат непринципиелно земјата, тогаш нека повелат и нека го прават тоа. Ние ќе работиме принципиелно и онака како што е најдобро за интересите на граѓаните на Република Македонија и за оваа држава”, изјави Груевски.

Во врска со истекувањето на рокот за отстранувањето на таблите со нови имиња во училиштата во Чаир, Груевски кажа дека за тоа прашање има одредени законски процедури, чиј процес е започнат, а нивното спроведување ќе продолжи онака како што налагаат законските прописи.

branitelivlada

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Горан Наумовски23/12/2025 - 16:27

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:45

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Горан Наумовски11/12/2025 - 13:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен