Груевски: Поповска бараше да интервенирам и да го ослободам нејзиниот зет од притвор

Од:

Експремиерот Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил објави дека пратеничката Лилјана Поповска барала од него нејзниот зет да биде ослободен од притвор. Како што пишува тој, за притворот на зетот на Поповска дознал лично од неа, на средба во Владата која што се одржала по нејзино барање.

Груевски пишува дека излегувањето на пратеничката Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“ се должи токму на фактот што одбил да се меша во работата на судот и обвинителството.

„Јас како премиер, прв пат дознав дека зетот на пратеничката Лилјана Поповска е притворен од неа лично, три месеци откако бил притворен, на средба во Владата која се одржа по нејзино барање.
На таа средба и на неколку други подоцна, пратеничката Поповска бараше од мене, нејзиниот зет да биде ослободен од притвор.

До ден денеска мислам и уверен сум дека иако таа тоа експлицитно не го кажа, излегувањето на пратеничката Лилјана Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“, се должи токму на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството.

Тоа беше мој принцип како премиер и законска обврска.

Од она што го дознав во јавноста подоцна, по доаѓањето на СДСМ на власт и по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Кривичниот Суд го прогласи за виновен нејзиниот зет, кого лично не го познавам, ниту се сеќавам на неговото име, лик, ниту можам да тврдам дали е виновен или не.

Сепак го поздравувам фактот што по речиси едногодишна апстиненција во јавноста, откако скриена од очите на јавноста го премолче штетниот договор со Бугарија, неуставната двојазичност и актуелните дебати за промена на името, конечно се појави пред јавноста и на некој начин, повеќе потсвесно отколку свесно, раскажа зошто ја напуштила коалицијата со ВМРО ДПМНЕ“ напиша Груевски на Фејсбук.

Претеничката Лилјана Поповска, претходно изјави дека била уценувана со затворска казна за нејзиниот зет за сестра по одлуката за настапување на изборите во 2014 година самостојно. Поповска истакнува дека тогаш во, како што вели, судско-полициска местка ѝ уапсиле половна од раководството на партијата меѓу кои и нејзиниот зет за сестра. Тие биле притворени и им се заканувала казна затвор од десетина години.

Таа смета дека Груевски и Сашо Мијалков им ги слушале телефоните и дознале оти планираат да ја напуштат коалицијата.

Притворените одлежале две години и три месеци, поради што тужеле во Судот за човекови права во Стразбур, каде што го добиле спорот и државата сега треба да им плати за неосновано држење во притвор.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on