Груевски: Политиката ќе ги вади студентите на улица

Од:

Премиерот Никола Груевски во интервју на Сител рече дека никогаш не ни предлагале екстерно тестирање за високото образование, туку државен испит.

Тој појаснуваше дека екстерно тестирање е за средното образование, а со државниот испит треба да има осигурување дека студентот научил најмалку за 6-ка.

„Овие што сега протестираат за нив нема да важи ова бидејќи државниот испит ќе се применува од 2017 година. Мислам дека политиката ќе ги вади студентите на улица, СДСМ беше силно фокусирана да излезат студентите и професорите на протест“, рече Груевски.

Премиерот се осврна и на најавената бомба од лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Заев одсекогаш се заканувал, ние работиме со друг тип бомби. Ние работиме на позитивни бомби, им помагаме на луѓето, реализираме. Тие водат негативна кампања и кодошат, а народот на крај ќе цени“, рече премиерот.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела