Груевски: Ова не е правда, ова е заробена држава

Од:

„Ова е последниот чин на пресметка со слободномислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата, против Тиранската Платформа, против насилието на власта. Против секој кој мисли македонски и се грижи за националните интереси. Во прашање е државата.

Ова не е правда, веќе законите и Уставот не важат, ова е заробена држава.

Погледнете денес не е тема тоа што секоја втора вечер имаме убиства, имаме насилие, грабежи, рекетари, тема се луѓето кои беа на страната на државата. Ова се прави за да се отвори пат за промена на име, идентитет, јазик, неуставна двојазичност, историја“, напиша екс премиерот, Никола Груевски на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно