Груевски: Остануваат уште четири дена до двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ попладнево одржа митинг во Свети Николе, каде што претседателот на партијата Никола Груевски рече дека по четири дена ќе слават двојна победа.

– Остануваат уште само четири дена, само уште четири дена до двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата…. 450 илјади гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ сегашен и иден претседател на Македонија Ѓорге Иванов и 123 разлика помеѓу него и кандидатот на СДСМ. Македонија ја препозна разликата и покажа дека има разлика во Македонија помеѓу политичките конкуренти и помеѓу нивниот начин на работење и делување, истакна Груевски.

Пред граѓаните на Свети Николе зборуваше и Никола Тодоров, носител на листата на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Третата изборна единица.

Тој ги спореди времињата на владеење на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ односно, како што рече, затворањето на фабриките наспроти отворањето нови работни места.

Истакна дека оваа Влада е прва која не ја заборава Источна Македонија и се грижи тој дел од државата да напредува, да се унапредува животот таму и да се гради инфраструктурата.

– Во нашата програма има проекти за изградба на автопатишта, но посебно ми е драго што оваа Влада го започна и ќе го изгради автопатот кон Источна Македонија од Скопје преку Свети Николе за Штип, потоа како експресен пат до Кочани и експресен пат до Радовиш и комплетна реконструкција од Кочани преку Македонска Каменица до Делчево. Тоа е грижата за нашите граѓани, тоа е овозможување подобри услови за функционирање, рече Тодоров на митингот во Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела