Груевски остана без пратеничка плата

Од:

Со 53 гласа „за“ и 2 „воздржани“ се донесе дополнување на Законот за пратеници со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата, надоместоци, патни трошоци, како и сите останати бенефиции.

Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ гласаше за да му се одземе пратеничката плата на Груевски, додека воздржани беа Илија Димовски и Талат Џафери. Останатите пратеници не гласаа.

Според пратеничката од СДСМ, Снежана Келевска, која е поднесител на ваквото дополнување на Законот за пратеници, овој закон е со цел сите пратеници да бидат еднакви, и да не се повтори случајот со Никола Грувески.

Со новите дополнувања сега престанува да му тече платата на екс-премиерот Никола Груевски кој е во бегство.

Никола Груевски е осуден на ефективна двегодишна казна затвор во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“. Груевски избега од Македонија во Унгарија во месец ноември, и оттогаш не доаѓа во Собранието како пратеник.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on