Груевски: Опозицијата избрзано ја осуди акцијата на МВР

Од:

Опозицијата избрзано реагираше на приведувањата во акциите на МВР „Шпион“ и „Диригент 2“ и на прес-конференција ги прогласи за политички и партиски уште пред да биде соoпштено  кои се причините за апсењата, оцени премиерот Никола Груевски.

– Во иднина опозицијата треба добро да се пресмета пред да излезе со квалификации и прво да чуе барем за што се работи, а потоа да размисли дали треба да се реагира или не. Во овој случај уште немаше прес-конференција на МВР да објасни за акцијата, а тие веќе излегоа со осуда на акцијата. Значи, не знаат што осудуваат, не виделе кој и зошто е приведен во полиција, документи, што се случило. Нивните адвокати овојпат беа многу воздржани, а скоро секогаш адвокатите жестоко ги бранат своите клиенти. Адвокатите беа воздражни, а опозицијата на невидено излезе да ги брани, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба лабораторија на Филолошкиот факултет.

Тој  нагласи дека  како политичка партија и како Влада имаат јасно деклариран став дека борбата против криминалот  и корупцијата ќе ја водат силно, бескомпромисно и неселективно и оти во тој правец била и неодамнешната акција на МВР и Обвинителството.

– Не сакам никого да обвинам однапред, треба да се почитува пресумпција на невиност, но исто така не треба избрзано да се кажува дали некој намерно тоа го прави или со други цели, партиски цели итн. Треба внимателност, треба работата да им се остави на Обвинителството и на судството, да не им се врши притисок од ничија страна и на крај да се види кој, што и дали сторил и согласно со кои закони се прекршоците. Не предвремено да се излегува со став за нешто што не се видело, чуло, прочитало, ниту анализирало, додаде Груевски.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Русинка е осудена дека била руски шпион во Естонија

Британија 20 години бараше руски двоен агент во МИ6

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он