Груевски: Опозицијата да му се извини на Вељаноски

Од:

Опозицијата треба да му се извини на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за се она што му го направи на 24 декември, изјави денеска премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги барањата на СДСМ и другите опозициски парламентарни партии за оставка на првиот парламентарец.

– Ако малку има доблест, опозицијата треба да му се извини на претседателот на Собрнието Трајко Вељаноски за тоа што му го правеше во Парламентот, за стресот што го доживеа на 24 декември, за обидот за спречување на неговото работење, нападот на некој начин или обидот за напад. Тоа е најдоблесно што би можеле да го направат, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот денеска беше на отворање ново повеќенаменско игралиште во населбата Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела