Груевски очекува по разговорите СДСМ да престане да и прави штета на Македонија

Од:

Премиерот Никола Груевски очекува да почнат разговорите со СДСМ, а по нивното завршување таа партија да престане да и прави штета на Република Македонија.

– Очекувам да почнат разговори со коишто СДСМ кога ќе завршат разговорите ќе престане да и прави штета на Република Македонија и на сите граѓани во неа, истакна Груевски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев се очекува утре да се сретнат откако опозициските пратеници поднесоа оставки на функциите и не учествуваат во работата на Собранието по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27 април годинава.

Груевски на годишнината на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на политичката сцена мора да се закопаат секирите и да се намали јазот помеѓу политичките конкуренти оти е подготвен да и подаде рака на СДСМ за да престане деструктивното однесување за државата и за граѓаните.

Неколку дена подоцна Груевски му понуди средба на Заев која тој ја прифати и на прес-конференција ги повтори барањата за формирање техничка влада што ќе спроведе слободни, фер и демократски избори, одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и прецизирање на Избирачкиот список и спроведување попис.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција Груевски рече дека не смета дека техничка влада е решение за излез од оваа ситуација.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on