Груевски: Нема зошто да се плашам од специјалниот обвинител

Од:

Се разбира не се плашам, нема зошто да се плашам од специјалниот обвинител, кусо одговори премиерот, Никола Груевски на новинарско прашање за време на денешната посета на Клиничкиот центар.

На прашањето чиј бил предлогот Катица Јанева да биде избрана за специјален јавен обвинител Груевски, рече дека двете страни во преговорите го поддржаа нејзиниот избор.

Тој го отфрли прашањето за вмешаност на лица од ВМРО-ДПМНЕ во аферата „Маѓар телеком“.

-Нема криминал на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на тврдењата на Слободан Богоевски – категорично одговори.

-Читав во медиумите за сето она што беше коментирано или било коментирано од страна на господинот Богоевски. Но, да потсетам, ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција постојано апелираше дека треба да се либерализира телекомуникацискиот сектор. Тоа не се правеше од страна на СДСМ која беше на власт, и која имаше мнозинството во парламентот. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, уште пред тогашните избори во 2006 година, дадовме јавно ветување дека ако дојдеме на власт, дека во првите 60 дена ќе биде објавен јавен повик за трет мобилен оператор. Повикот беше објавен и беше избран трет мобилен оператор, а цените на услугите паднаа. Тогаш, се е јасно – одговори Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески