Груевски: Нема да се изненадам ако Црвенковски ја изградил и фонтаната на плоштад

Од:

Премиерот Никола Груевски во Штип изјави дека СДСМ со митинзите и со преспивањето кај луѓе по куќи промовира стари ликови и лицемерен однос.

„Не знам дали ги потсетија дека својот политички контра партнер, а тоа сме ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, со подбив пред неколку години го нарекуваа земјоделско селанска влада со црковно конзервативна провиненција и дека играа мајтап со нас зашто сме давале многу пари за земјоделците, големи субвенции и дека на тој начин сме го направиле буџетот да биде земјоделски, што тие го критикуваа со нивните изјави“, изјави Груевски.

Според Груевски од СДСМ спијат по селските куќи а истовремено во парламентот предлагале намалување на пензиите на пензионерите, намалување на социјалната помош, на платите во јавниот сектор и намалување на субвенциите во земјоделскиот сектор.

– Претпоставувам дека тоа не го зборувале, бидејќи ќе ги избркале од куќите затоа што многу од тие луѓе кај што спиеле или се приматели на социјална помош или се приматели на субвенции или имаат пензионер или повеќе пензионери, некој од нив работи во јавниот сектор. Така што ако ги потсетеле на овие работи дури и членови на СДСМ најверојатно ќе ги избркале“, рече Груевски.

За митинзите премиерот изјави дека нема што да каже.

„Нема ништо ново, освен, „старата реторика, старите лица, старите пораки, луѓе кои во минатото никој не може да ги поврзе со дела, со работа, со проекти, луѓе зад кои има многу години стаж во политиката“, изјави Груевски.

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, дека актуелната Влада се расфла со пари и не гради за разлика од резултатите на претходната влада, премиерот Груевски порача дека народот не заборава во чие време се гради и оти за се има докази.

– Слушнав дека кажа оти тие ја изградиле обиколницата, а јас добро се сеќавам дека пред две години јас и министерот за транспорт ја отворивме завршената обиколница која ја градевме претходно. Слушнав и дека го изградиле патот Тетово – Скопје, но јас добро се сеќавам дека на крајот на 2000 или на почетокот на 2001 година тој беше пуштен во употреба свечено, рече Груевски.

За Груевски било посмешно кога слушнал дека СДСМ го изградиле автопатот „Александар Велики“ кој, како што појасни, во најголем дел е изграден од Јосип Броз Тито кога имало ударнички работни акции и кога тој пат се викал „Братство и единство“.

-„Сега гледам дека човекот излегол на сред пат пред еден знак и зборува дека тој ги изградил сите патишта во Македонија. Нема да бидам изненаден ако за некоја година излезе и каже дека целата медицинака опрема што ја набавуваме во болниците е купена во времето на СДСМ кога тој бил премиер или дека фонтаната на плоштадот е изградена од СДСМ или спортските сали што ги градиме се изградени од нив“, рече Груевски на промоцијата промоција на стручни книги на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити