(ВИДЕО) Груевски: Не сакам да прејудицирам или да дадам специфична изјава во однос на решенијата на Kомисијата

Од:

Според изјавата на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, која ја даде непосредно по свеченото отворање на ТИР- зоната во Штип, постојат реални шанси во текот на денешниов ден да биде постигнат договор меѓу членовите на ад хок комисијата за расветлување на настаните од 24 декември минатата година.

„Во текот на вчерашниот и денешниот ден има интензивни преговори. Денеска е денот кога се надеваме дека ќе дојде до договор. Јас сум на линија со нашиот преговарачки тим и се слушам на половина час. Не би сакал ништо да прејудицирам или пак да дадам некоја поспецифична изјава ,бидејќи може да се случи да наштети на преговорите зошто денес е клучниот и завршен ден“, изјави премиерот Груевски.

Груевски уште додаде дека без оглед на крајниот исход, за владејачката структура сите опции остануваат отворени.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик