Груевски не дојде на седницата на која се расправа за одземање на неговиот мандат

Од:

Експремиерот, Никола Груевски не се појави на седницата на Комисијата за мадатно имунитетни прашања во Собранието, каде се расправа за одземање на неговиот пратенички мандат.

Освен членовите на Комисија, бил поканет и пратеникот Груевски, кој сепак не се одѕва на поканата.

Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од основниот суд за пресудата од две години затворска казна поради случајот со „мерцедесот“.

За одземање на иминутетот на некогашниот премиер, потребно е двотретинско мнозиство, а осумте опозициски кои претходно ги поддржаа уставните измени минатата недела се изјаснија дека нема да поддржат одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.

Поранешниот премиер беше прогласен за виновен и осуден, заедно со првообвинетиот во случајот „Тенк“ Ѓоко Поповски. Двајцата поднесоа жалба до Апелацискиот суд Скопје, кој како неоснована ја одби на на Груевски, а делумно ја прифати жалбата на Поповски. Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on