Груевски: Народот масовно ќе излезе и ќе го победи Заев

Од:

Доаѓа недела, денот кога македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија ќе стават крај на ова лудило што ни го направи СДСМ. Две и пол години ја држеше државата во заложништво. Доаѓа крајот како држава, како народ, како граѓани издржавме две и пол години, ќе издржиме уште неколку дена. Народот масовно ќе излезе и ќе стави крај на сето ова што го прави СДСМ и Зоран Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 Никола Груевски при денешната средба со жителите на струмичкото село Муртино.

– Вчера во моето излагање кажав во тоа време во кое живеел што би направил Гоце Делчев. Денеска ја имаме слободна и независна, суверена држава, демократска, во која народот одлучува и во денешно време народот ќе го реши овој проблем на 11 декември со масовно излегување и гласање против СДСМ и политиките на Заев, во поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, истакна Груевски.

Според него, не смее да се дозволи работите да одат во насока во која некој ги договорил заради свои лични интереси. – Не смее да се дозволи да се растури унитарноста во Република Македонија. Тешко е дојдено до оваа слобода, до оваа независност со многу жртви, со крупни напори, со многу откажувања, со многу падови и со многу успони. Со голема мака и со многу жртви се дојде до ова што денеска го имаме парче земја независна сувереност. Затоа не смееме да дозволиме ризици во кои некој би си поигрувал или би експериментирал, порача Груевски.

На 11 декември, додаде, не само што треба да се запрат овие иницијативи и планови, некои што не се само на СДСМ и на Зоран Заев, туку се планови на некои други, туку треба да им се испрати порака дека македонскиот народ е мудар и дека не може да биде прелажан, дека некој го потценил неговиот капацитет. – Некој веруваше дека ем ќе може пред македонскиот народ, верувајќи дека тој нема да разбере и што следува и кои се последиците од тој план, ем во исто време да привлече гласачи од другата етничка заедница. Но, македонскиот народ  брзо ја сфати играта, се свести, го крена својот глас и сега на 11 декември знам дека масовно референдумски со историски најдобар резултат ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поразен СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски