Груевски најави закон за амнестија за настаните од 27 април

Од:

Досегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од говорницата на Конгресот на партијата најави дека ќе биде поднесен закон за амнестија за настаните од 27 април.

-Тепањето во парламентот беше голема грешка, иако беше обмислено сценарио од владеачките партии. Знаев што ќе следи, дека ќе се создаде перцепција дека ВМРО-ДПМНЕ е виновна и затоа реагирав остро уште вечерта.

Потребни се Закон за амнестија и помирување. Треба и ДУИ да го знае тоа зашто амнестијата кон нив беше за потешки дела. Тоа и Заев треба да го знае, и покрај претрпената болка.

Со законот за амнестија во 1999 година за настаните во Гостивар беа опфатени двајца градоначалници коисе ослободија, во 2001 година имаше амнестија за учесниците во конфликтот. Ние покажавме политички капацитет и државништво. ВМРО-ДПМНЕ веќе подготви закон за настаните од 27 април и наскоро ќе се појави во парламентот кој се надевам дека ќе биде прифатен, рече Груевски.

Тој изрази благодарност до сите членови, меѓу кои како што кажа и за Урко, Антонијо, Илија, Сашо, Иво.

Имаше многу и сите од една генерација на подвизи и предизвици, бидете горди на постигнатото. Колку во моментите на магла да не е јасно ќе стане низ времето јасно.

Упатувам извинување до сите поединци за сите направени грешки. Многу работев, сигурно правевме грешки. Никогаш не ветив дека нема да има грешки. За некои сум свесен, за некои сеуште не. Како што поминува времето се правеле и злоупотреби за кои сега дознавам.

Кој работи, тој и греши. Новиот претседател и новото раководство ќе научат многу од нашите практики и работи и ќе ги исправат моите и заедничките грешки, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски