Груевски најави повеќе проекти во Струмичко

Од:

Нов затворен базен со ватерполо димензии, целосна реконструкција на Културниот дом „Антон Панов“, изградба на две повеќенаменски игралишта, два тениски терени, фитнес зона на отворено, баскет игралишта, реконструкција на четири училишта, изградба на три спортски сали и две нови детски градинки, се само дел од проектите што денеска пред струмичани ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој додаде дека во новата програма „Реално“ е предвидена и изградба на експресен пат со четири ленти Струмица – Радовиш, кој, како што рече, е многу значаен за Струмица и струмичкиот регион, најави реконструкција на регионалниот пат Струмица – Радовиш, како и реконструкција на повеќе регионални патни правци. Најави и изградба на пречистителна станица за Струмица, инвестиција вредна седум милиони евра, како и набавка на 125 медицински апарати за болницата и Здравствениот дом.

Изградбата на Општата болница, додаде, ќе продолжи со досегашното темпо, а, како што рече, ќе се гради и 41 социјален стан за ранливите категории граѓани.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во четиригодишната Програма се предвидени и 600 милиони евра субвенции за земјоделците или по 150 милиони евра годишно, нешто што, како што истакна, е мошне значајно за земјоделците во овој струмички регион.

Ќе се проширува и каналскиот систем „Турија“, а е предвидена и изградба на магистрален гасовод од Штип – Хамзали – Струмица до границата со Грција. Овој гас, потенцира Груевски, ќе биде многу поевтин од оној што со цистерни го добиваат граѓаните на Струмица во моментот.

– Пред да одлучат да гласаат граѓаните треба да проценат кој има подобра економска програма, кој повеќе се бори за државата, кој има подобар тим што може да го реализира ветеното, но и кој држи до ветениот збор и кој го реализира ветеното, истакна Груевски.

Тој вели дека двете опции што им се нудат на граѓаните веќе имале можност да покажат што умеат и што направиле бидејќи и двете партии во одреден период биле во владата.

-За овие 25 години може многу добро да се процени кој што направил во минатите години, кој каков однос кон државата имал, но и како се однесувал кон народот, кон поединецот, и дали тоа што им го ветувал го исполнил. Ние имавме многу ситуации да направиме и работи коишто не сме ги ветиле бидејќи претходно не сме биле сигурни дали ќе можеме да ги направиме. Затоа сме сигурни дека нашиот народ нема да погреши, дека ќе ја донесе вистинската одлука и ќе ги избере оние кои работат, решаваат, кои се грижат за народот, и го остваруваат тоа што ќе го ветат, а тоа се ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, рече Груевски.

Додаде дека и одлуката да биде носител на листа во четвртата Изборна единица ја донел од тие причини за да може народот од иста изборна единица да каже што мисли за работата на лидерот на СДСМ и за него како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не дојде во првата Изборна единица, рече Груевски, затоа јас одлучив да дојдам во четвртата каде тој се чувствува најкомотно и да видиме што мислат граѓаните за она што го работиме.

Уверен е дека на изборите на 11 декември ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе остварат уште една, како што рече, голема победа.

-Некој вели дека на 11 декември ќе биде главно пенкалото, но заборава дека тоа му припаѓа на народот и оти тоа испиша девет порази за СДСМ и девет победи за ВМРО-ДПМНЕ, додаде Груевски.

Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ќе работи секој во Македонија да може подобро да живее без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми…

– Македонија има сила, ќе успее да остане и суверена и унитарна држава. Ние не сме националисти, туку сме оние кои се грижат таа да остане таква. Сите оние кои сакаат да живеат во суверена и унитарна Македонија можат да сметаат на нас без разлика дали се тоа Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи…, можат да сметаат на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Груевски.

Нашите проекти и се што работиме се наменети за сите бидејќи, како што рече, сите сме Македонија. Македонија ќе успее, рече Груевски, а на сите оние однадвор на коишто, како што рече, им паѓа напамет да ја делат и разнебитуваат Македонија им кажуваме да го заборават тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски