Груевски: На изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, но и Македонија

Од:

Македонија повторно имаше фер, демократски, слободни избори на кои граѓаните слободно и на демократски начин го кажаа своето мислење, а ВМРО-ДПМНЕ ја доби 10-тата по ред изборна победа.

Ова вечерва го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски обраќајќи се во партиското седиште.

– Денес победи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, но денес победи и Република Македонија. Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и 10-ти пат по ред мнозинството граѓани во Република Македонија гласаа и со најголем број гласови го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме и сакаме да продолжиме да работиме, истакна Груевски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори со 434.051 гласови наспроти 415.258 гласови за СДСМ, од обработени 88,61 процент од гласовите. Изрази и задоволство што ВМРО-ДПМНЕ победи и во ИЕ 4 со разлика во гласовите од 7.476 гласови.

Изрази благодарност до граѓаните кои излегоа на гласање  и како што рече  придонесоа во мирна и демократска  атмосфера Македонија да постигне успех на овие избори.

Според него, она што е видливо од преброените гласови е дека бројот на гласови за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ е во рамки на константната поддршка што ја има во изминатиот период.

Најави дека ќе продолжат да работат оваа поддршка да ја оправдаат и да не ги изневерат поддржувачите.

Порача дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидат секогаш со народот, со граѓаните на Република Македонија и секогаш ќе работат за интересите на државата, односно во корист на државните и националните интереси. – Што и да се случува, ова го кажуваме и пред и по изборите ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и ќе остане на линијата на државните и националните интереси на државата и во корист на граѓаните на Република Македонија. Тие секогаш може да сметаат на нашата поддршка, порача Груевски.

Посочи дека следува процес на формирање коалиции и формирање влада во Република Македонија и оти кризата мора да заврши и Македонија да оди напред. – Тоа ќе биде наша главна цел во наредните недели. Кризата да заврши со овие избори и државата да оди напред, истакна Груевски.

Тој додаде дека оваа победа има посебна тежина и важност, бидејќи, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори имаше исклучително тежок противник. – Тоа не беше само СДСМ и тоа сите добро го знаете особено кога ќе се погледне во изминатите 2,5 години низ што поминавме, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт