Груевски му порача на Заев да преспие и да ја преиспита одлуката за бојкот

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва се заблагодари за поддршката која граѓаните денеска ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, но изрази и жалење за одлуката на лидерот на СДСМ Зоран Заев за негирање на изборниот резултат.

Жалам што и покрај убедливата победа, заради личен интерес, претседателот и раководството на СДСМ одлучија да ја негираат јасно изразената волја на народот. Не е единствен проблем што го потценуваат народот, туку работат на директна штета на Република Македонија на оние што не и го сакаат доброто на Република Македонија. Се надевам дека ќе преспијат, ќе ја видат волјата на народот и ќе постапуваат во правец на интересите на граѓаните, а не на нечии лични интереси – рече Груевски.

Тој во својот говор се заблагодари до сите и посебно се осврна на најблиските соработници, но и на своето семејство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер изборниот ден го оцени како мирен и демократски.

Денеска, како и пред две недели Македонија имаше успешни избори, мирен и демократски изборен ден, фер избори. Најголем победник е Македонија. Честитки до сите граѓани за успешниот изборен ден, а особено за оние кои гласаа и придонесоа за овој успех на државата. Имавме ефективни избори без какви било сериозни инциденти. Честитки и до Македонците и до Албанците и до Ромите Србите, Бошњаците, Власите, Турците и до сите.

На овие парламентарни избори ВМРО-ДПМЕ доби двојна доверба, двојна победа. Се чини дека ќе имаме 61 или 62 наспротив 34 или 35 за СДСМ и коалицијата, не ме фаќајте за збор, има податоци за 92 отсто од местата…

Ова е голема, огромна, силна победа, ова е недвосмислена доверба, ова е јасно изразена волја на граѓаните. јасно изразена волја на народот. Со овие две победи денеска, граѓаните во 9 изборни циклуси едно по друго давааат доверба за ВМРО. На овие избори победи концептот на неуморно работење, држење до дадениот збор, концептот на посветеност, на искрен пристап кон народот и граѓаните – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски