Груевски: Македонија прва во Европа по раст на БДП

Од:

Македонија со раст на БДП од 3,8 проценти во 2015 година, односно 3,9 отсто идната година ќе биде прва во цела Европа според аналитичарите на ЕК. Така се сака својата земја, така се работи за својот народ. Ние и понатаму ќе продолжиме со подобрување на бизнис климата во земјата, со промоција на македонските инвестициски можности во странство, со непосреден контакт со компаниите и партнерските односи со инвеститорите, рече денеска премиерот Никола Груевски во обраќањето пред отворањето на фабриката на „Антхура Интернатионал БВ“ во Кочани.

Според Светска банка, Извештајот на Дуинг бизнис, додаде Груевски, Македонија е лидер во региниот и во ЈИЕ во делот на правењето бизниси.

Премиерот додаде и дека во светот сме на 30 место од вкупно 189 економии и сме подобри од 16 земји членки на ЕУ.

– По леснотијата за почнување бизнис Македонија е на трето место во светот и убедливо најдобра во регионот. Добрите оценки за нашата економија и за условите за водење бизнис во изминатиот период стигнаа од сите меѓународно релевантни институции, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно