Груевски: Македонија нема никаква вина за откажувањето на Самитот на ПСЈИЕ

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов постапи правилно со одложувањето на Самитот  на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Се судрија интереси на други држави, а Македонија нема каква било вина. Тоа го оцени премиерот Никола Груевски, во одговор на прашање од пратеникот од ДПА Имер Алиу на денешната седница на Собранието.

Алиу побара одговор за непоканувањето на Косово на Самитот на ПСЈИЕ, што требаше да се одржи претстојниот викенд во Охрид.

Груевски појасни дека ПСЈИЕ, како органзиација во која членува Македонија,  има свои правила согласно кои дневниот ред и поканите се испраќаат со одредна процедура за која што е потребен консензус, односно за којашто која било од земјите членки има право на вето. Пред неколку дена, укажа,  две од државите членки го искористија тоа право на вето и го блокираа предлогот со кој требаше да биде испратена покана и до Косово.

– Секако таа блокада не беше од РМ, туку од две други држави од регионот и кои не го кријат тоа и јавно кажуваат  дека ја искористиле можноста  да ја блокираат поканата согласно усвоните процедури и  потпишаниот договор за таа регионална организација.

– Подоцна следуваа откажувања од страна на неколку претседатели кои не беа однос кон нас туку кон оние што го поставија ветото и беа  ницвна комуникација на начин на којшто одбраа да биде, односно испраќање пораки. Јас жалам што дојде до таква ситуација, но Македонија не беше во ситуација да направи што било друго. Мислам дека од тој аспект е исправна постапката на претседателот  на државата со која на крајот го одложи Самитот до разрешување на проблемите на државите во ЈИЕ, рече Груевски на седницата за пратенички прашања.

Според него, факт е дека Македонија испадна жртва во целата ситуација  и веројатно истото ќе се случело  доколку ротациската организација се паднеше друга држава од регионот. Повторно, посочи, ќе имаше од тие две држави  вето и повторно ќе не можеше да биде испратена поканата.

– Се судирија интереси на други држави и дојде  до тоа што дојде и од тој аспект  беше исправна постапката на претседателот да се одложи, да се расчистат работите, да дојдат на свое место и кога ќе се создадат услови да се одржи тој самит, наведе премиерот.

Тоа што се случи, нагласи, не е ниту однос на владејачките партии во Македонија кон некоја етничка заедница во Македонија, вклучувајќи ја и албанската. Се работи за меѓународен форум во кој има договор за процедури за моментите кога се прават покани и кога се утврдува  дневен ред и можноста за вето за поканите за дневниот  ред што ги има секоја држава, а во случајов две држави дадоа вето.

– Тоа е целата работа. Жалам што понекогаш работи за коишто апсолутно Македонија нема каква било вина, ниту која било политичка партија, политичар или поединец. Наспроти тоа има само добра  намера. Да се доведеме во ситуација ние да се браниме себеси, претседателот да се брани, Владата, е некоректно извртување на тезите. Во една таква ситуација кога имаме потпишано таков договор во една таква регионална организација Македонија не можеше да направи ништо  освен да изрази жалење и да го одложи Самитот  до мемнтот на арзрешување на постеочките проблеми, рече Груевски.

Претходно патеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васко Пашовски постави дополнително прашање дали Министерството за труд и социјална политика размислува за воведување поригорозни законски казни за педофилите, меѓу кои и хемиска кастрација. Причина за таквото барање, според Пашовски, е неодманешната одлука на Уставниот суд со која беше оспорена законската одредба за регистар на педофили.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими одговори дека Владата ќе направи дополнителни анализи и ќе излезе со конкретни решенија во насока на преземање поригорозни казни за педофилите.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on