Груевски: Македонија го осудува терористичкиот напад во Париз

Од:

Премиерот Никола Груевски по повод терористичките напади во Париз испрати писмо со сочувство до францускиот премиер  Мануел Валс.

– Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Париз, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени и во овие тешки мигови на тага на пријателскиот француски народ, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување, наведува премиерот во писмото.

Додава во писмото дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.

– Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Франција и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме, се наведува во писмото со сочувство.

Според премиерот нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. – Тероризмот, пишува во писмото, не смее и нема да победи. Потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Париз: Тројца се повредени, двајца имаат сериозни повреди во експлозија во телекомуникациска компанија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозии во близина на канцеларијата на премиерот во Париз

Ермитажот евакуиран поради безбедносна закана