Груевски: Лекарите забушанти не сакат плаќање по учинок

Од:

Плаќањето по учинок според премиерот Никола Груевски требало да биде усвоено во раните 90 те години, и во тој случај, ако не се доцнело, според него сега ќе имавме поуспешно здравство

„Тие што се посветени уживаат во овој систем, тие што не се, ќе треба да ја видат предноста за пет години. Многу малку ќе останат тие што немат да бидат задоволни, а тоа се некои што се забушанти, што сакаат да работаат малку, забушантите ќе имаат проблем“, рече Груевски вечерва на трибина на ВМРО-ДМНЕ во општина Центар.

Груевски кажа дека плаќањето по учинок е проект кој го подгтвувавеле најмалку 2 и пол години, оа бил според него исклучително важен зашто ќе внесе конкурентност, го движи општеството напред, секој сектор оди напред.

„Затоа сакаме да го воведеме овој проект и со него излеговме на избори и го напишавме многу јасно пред избори, разговаравме со лекарската комора имавме средби.

Не може еден да учи постојано, а друг да седи и да ужива и да има иста плата со тој што вложува максимално труд. Ако сте уметник знаете дека има уште 1000 уметници, ако сте градежен инженер знаете дека има уште 10000 и сите не заработуваат исто“, рече Груевски.

Груевски рече дека сега не е работата кој повеќе ќе издржи.

„Сакам да го поздравам трудот и енергијата на министерот за здравство, кој во едно сложено време се нафати на сложена операција со долги подготвки.
Исто се случуваше со сите крупни реформи, со фискалните каси, со воведувањето ДДВ

Секој има право на штрајк, на протест, на мислење, но и владата има право тоа што е напредно да се бори и да го спроведе“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти