Груевски: Лага е дека ќе се женам за Унгарка

Од:

Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски на својот фејсбук профил ги коментираше изборите што претстојат и информациите дека ќе се женел со Унгарка.

„Најголем предизвик и најголем ризик на следните избори за опозицијата ќе биде да се спречат изборните измами кои власта со сигурност ќе се обиде да ги направи, односно да ги повтори од локалните избори, сметајќи дека меѓународната заедница после двата договора со соседите и промената на името, уште згора на се и доцнењето со датумот за преговори, ќе прогледа низ прсти на тоа и ќе и признае изборите со мали забелешки. Од ова ќе зависи дали ќе има промена на власта“, пишува Груевски.

„Лажните вести и генерално лажењето, станаа национален спорт во земјата. Ме прогласија за мозок на прислушувањата кои самите тие ги организирале. Ме осомничија дека сум се договорил со Заев за да дојдам во Унгарија и плус дека со Заев сум договорил да ми застари кривичното гонење за еден предмет каде сум обвинет дека сум сакал патот да се изгради побрзо за да добијам корист на изборите со повеќе гласови од гласачите. Други пак оценија дека гонењето застарело бидејќи сум дошол во Унгарија, независно што ниту едно одлагање на рочиште не се случи заради тоа, а судењето е до пола. Сум земал адвокат Албанец за да ги одолговлекувам предметите во суд. Сум бил пред женење со некоја Унгарка. Сум ги условувал пратениците да гласаат за промена на името. Сум издавал државни тајни на Унгарците за азилот. Сум го раководел актуелното раководство на ВМРО од Будимпешта. Сум и’ ги направил најголемите злодела на Македонија. Сум имал пет милијарди евра, две милијарди евра, милиони, билиони, трилиони…. И стотици и стотици други вакви работи. И којзнае уште колку гадости нема да измислат во претстојните месеци во борбата за власт и читаност. Лага до лага“, се вели во статусот на Груевски.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on