Груевски: КСС во Кичево ќе отвори повеќе работни места од планираното

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, на вечерашниот митинг во Кичево истакна дека Коалицијата „За подобра Македонија“ е посветена на економијата, на привлекување инвестиции и отворање нови работни места.

– Се сеќавам есента 2005 година кога се собравме во Кичево. Се сеќавам на тие времиња кога СДСМ беше на другата страна наспроти нас, наспроти народот и остана наспроти народот. И затоа од тогаш не можат да се опорават, губат на секои избори откако му го свртеа грбот на народот и на Кичево, истакна Груевски.

Во изминатите 10 години, како што рече, Владата работеше во сите сектори, нo економијата, инвестициите, работните места и намалувањето на невработеноста беше и ќе биде најголем приоритет за политичката гарнитура на ВМРО- ДПМНЕ.

– Успеавме да донесеме и една крупна американска инвестиција во Кичево, „Ки Сејфти Системс“ (КСС), која што во моментов има 710 вработени, а планот им е до Нова година да стигнат до 750, односно уште 40 плус. Планот им беше некаде до средината на следната година да стигнат до 1.000, но не известија дека средината на следната година ќе стигнат до 1.100, односно 100 повеќе од планираното, рече Груевски.

Според него, главна преокупација на СДСМ е туркање на проект за рекомпонирање на државата. – Малку им беше она рекомпонирање во 2005 година, сега сакаат уште поголемо рекомпонирање. Наш главен проект е привлекување нови инвестиции и отворање нови работни места за силен економски напредок, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На митингот во Кичево Груевски зборуваше за проектите што ги планираат после изборите, истакнувајќи меѓу другото дека автопатот Кичево – Охрид ќе биде готов во 2018 година.

– Во Кичево ќе го доизградиме и пуштиме во употреба автопатот Кичево – Охрид во првата половина на 2018 година, во должина од 57 километри, инвестиција вредна 370 милиони евра. Најдолгиот тунел во Македонија во должина од два километри ќе се изгради токму на оваа траса, рече Груевски. Најави и изградба на нов автопат Кичево – Гостивар, во должина од 42 километри, за чија реализација ќе се инвестираат 350 милиони евра.

Груевски на митингот посочи дека од 2018 година ќе има субвенции за печатените медиуми. – За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со оглед на тоа што интернетот пенетрира, порталите се повеќе добиваат на тежина и значење, весниците се потешко преживуваат. Тоа ќе се направи по теркот на Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците за да опстанат. Владата од 2018 година ќе воведе субвенционирање на весниците по еден правичен критериум кој дополнително ќе биде објавен, појасни Груевски.

Носителот на листата во изборна единица 5 на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,Антонио Милошовски денеска во Кичево ги презентираше новите проекти кои се предвидени во програмата „Реално“.

Милошовски Кичево

– Започнување со изградба на пат Кичево – Бошков мост – Дебар,  со што градот ќе добие веќе епитет на вистинска крстосница и завршување на некои локални патишта кои се важни за околината во Кичево. Имаме намера исто така да се изградат две градинки во Кичево, една спортска училишна сала во училиштето „Кузман Јосифовски Питу“ и една пречистителна станица која што е потребна за речните сливови  во Кичево, во вредност од седум милиони евра. Така што сите овие проекти, заедно со странската инвестиција која што ја имаме и очекуваме да се проширува, веруваме дека ќе придонесат во голем дел за унапредување на стопанството во Кичево, што е наша најголема потреба, рече Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва претходно одржаa митинг во Македонски Брод.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било