Груевски: Кој што работи и греши, но ние никогаш не сме направиле стратешки грешки

Од:

Земјоделците ги гледаме како столб на нашето општество и затоа имаме многу проекти со кои директно им помагаме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски попладнево во пелагониската општина Могила каде со кандидатот за градоначалник Славко Велевски одржа предизборен митинг.

Тој посочи дека никогаш порано земјоделците немале толкава поддршка од која било претходна Влада како сега.

– Ние земјоделците ги гледаме како столб на нашето општество и затоа ги почитуваме. Имаме многу проекти со кои директно им помагаме на земјоделците, фокусирани сме на земјоделието и затоа оди напред, и затоа имаме поголем девизен прилив во државата. Поддршката за земјоделците ќе расте, оваа година ќе доделиме 135 милиони евра, а во 2014 година планираме 140 милиони евра. Земјоделците гледаат дека за нив се грижиме и кога времето е убаво, но и кога има суши, поплави и други временски непогоди, ние сме тука за да им помагаме и затоа очекуваме земјоделците од Могила да помогнат во изборот на Славко Велевски за градоначалник, истакна Груевски.

На средбата со членовите, симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на владејачката партија Никола Груевски истакна дека кандидатот за градоначалник на Могила Славко Велевски во општината реализирал многу проекти со поддршка на Владата на Република Македонија, ја ужива довербата од сите и очекува поддршка за нов мандат на актуелниот градоначалник.

– На 24 март Република Македонија се определи за дела, за напредок и успеси. Македонија се определи за политичка гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ која создава и гради, која решава проблеми и која исполнува ветувања што ги дала. Таква политичка гарнитура и треба на Македонија, и овде во Могила на чело со градоначалникот Славко Велевски, истакна Груевски.

На собирот што се одржа пред новата административна зграда на општина Могила, Груевски ги издвои персоналните предности и квалитети на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Славко Велевски, наспроти неговиот против кандидат и поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ Стево Пивковски, кој на овие избори настапува со поддршка на група избирачи.

– Против кандидатот Пивковски е поранешен, а сега исклучен член на ВМРО-ДПМНЕ. Него го запознавме во едно тешко време, времето на „Сведмилк“ кога многу луѓе се соочија со голема мака. Тоа беше и моја голема мака и грижа. Кога многу луѓе имаат проблем и јас како претседател на Владата го чувствувам тој проблем и како мој проблем. Во тоа време еден човек што имаше и свој медиум ми препорачуваше да се затвори „Сведмилк“ иако јас настојував да не се затвори. Тој човек велеше дека ги контролирал млекарите и дека ако не се затвори „Сведмилк“ ќе ги насочи против нас. Токму на првиот протест се појави Стево Пивковски кој подоцна ми соопшти дека бил изманипулиран од неговиот ортак кој сега е во затвор. Но, нам не ни требаат такви луѓе, нам ни требаат чесни луѓе каков што е Славко Велевски, кој оставил зад себе дела, истакна Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што посочи Груевски, добива масовна поддршка низ цела Македонија затоа што ние имаме чесен приод, а тоа што го ветуваме и го исполнуваме.

– Кој што работи и греши, но ние никогаш не сме направиле стратешки грешки, додаде тој. 

Во периодот 2013-2017 година кандидатот за градоначалник на општина Могила Славко Велевски најави вложувања во инфраструктурата, образованието, финансиска поддршка за спортските клубови, изградба на детска градинка, и како и досега водење на општината врз принципот на одговорност, чесност и транспарентност во работата.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов