(ВИДЕО) Груевски: Ќе потпишеме се што треба

Од:

Само еден ден по ултиматумот до СДСМ, премиерот Никоја Груевски се предомисли. Тој  вечерва во директно обраќање соопшти дека „ ВМРО-ДПМНЕ  донесе одлкука во интерес  на државата и по цена на сопствена штета да гласа и потпише извештај на комисијата каков што сака СДСМ“.

-Нека ги напишат нивните правни квалификации. Ако ним не им е важен интересот на Македонија, нам ни е важен, тие правни квалификации нема да се валидни, ниту се согласуваме со нив, но како партија која седум пати по ред ја добива довербата, се ќе изгласаме и се ќе потпишеме, рече Груевски.

Според Груевски тоа ќе биде потпис на ВМРО-ДПМНЕ кој нема да биде валиден, односно ќе биде изнуден со уцена од ова како што рече „раководствo на СДСМ изгубено во просторот и времето“.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш во прееден план го имал интересот на Македонија и така ќе остане. И за крај–ако по оваа прес конфeренеција СДСМ се предомислат за предвремени  избори, ние сме тука, само нека јават и нашите претставници ќе пристигнат, рече Груевски

Претходно Груевски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека на 24 декември СДСМ го прекршила Уставот кога се обиделе насилно да ја преземат власта и кога ја попречувале работата на парламентот. Груевски посочи вечерва дека СДСМ не сака избори зашто се плаши дека ќе ги изгуби.

Одговорот на Груевски стигна по прес конференцијата на Радмила Шеќеринска која го отфрли ултиматумот на премиерот-или извештај изгласан само од СДСМ или избори. Шеќеринска посочи дека СДСМ нема да излезе на уште едни криминални избори, односно додека не се прифатат препораките на ОБСЕ/ ОДХР. Претходно и ДУИ ја отфрли можноста за предвремени парламентрани избори на 13 октомври.

 

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

Европски Сојуз за Промена го прашува Ахмети: Колку години затвор му простувате на Груевски со измените на Кривичниот законик

Ковачевски го повика Груевски да се врати за да се соочи со првадата

Имот на Груевски одземен со правосилни судски одлуки оди на продажба

Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе

Предраг Петровиќ

Груевски за Ѓорчев и Милошоски: Браво Марјане, јака штикла си станал, за Антонијо имам што да кажам

Предраг Петровиќ