Груевски: Ќе победиме и на наредните избори

Од:

„Ќе победиме и наредните избори“, порача пред симпатизерите и гостите на одбележувањето на 22-от роденден на партијата, нејзиниот лидер, Никола Груевски.

Се заблагодари и на подржувачите и на критичарите, бидејќи , рече, тоа ги прави посилни.

„На секој наш член и поддржувач, кој го шири гласот и добрата мисла за нас и верува и го вреднува ова што го работиме, и на секој граѓанин во Македонија, на оние кои споредуваат и гледаат со каква волја и посветеност се работи наспроти она што било пред нас и кои не поздравуваат и поддржуваат, но сакам да се заблагодарам и на оние кои не критикуваат, зашто уште повеќе не мотивираат, да ги исправаме грешките, да учиме од нашите грешки, и со тоа да стануваме уште посилни“, рече Груевски.

Груевски рече дека трнливиот пат кој го измина партијата, покажал дека и во моментите кога се велело дека партијата нема да преживее, се исправале и поаѓале напред.

ВМРО-ДПМНЕ, рече на роденденот, претседателот на партијата е најсилниот политички субјект во Македонија, на кој граѓаните 6 пати по ред му ја даваат својата доверба затоа што го гледаат тоа што го правиме.

На прославата на роденденот присуствува и гости од други политички партии и гости од јавниот живот.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?