А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Како Црвенковски ќе ги погледне в очи земјоделците, социјалните случаи и пензионерите

by А1он13/12/2012 - 19:3613/12/2012 - 19:01216
Share0

Секогаш кога во минатото Бранко Црвенковски тонел и кога неговата партија и тој лично немале идеи што да сторат, да станат поконкурентни за гласачкото тело и да прикажат некакви добри идеи за тој да стане атрактивен за гласачите и да гласаат за него, Црвенковски излегува со блокирање на иницијативи и предлози што ги дава власта со кои ќе го подобри животот на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го порача премиерот Никола Груевски денеска од Брисел, запрашан од дописникот на МИА од европската престолнина да го прокоментира блокирањето на буџетот и аранжманот на државата со Светската банка. Според Груевски, таквата ретроградна и антидржавна политика, Црвенковски ја покажува со оваа блокада со цел, според него, да се спречи зголемувањето на пензиите, на социјалната помош, зголемувањето на субвенциите на земјоделците и многу други работи што се конструирани, а што се дел од новиот буџет и аранжманот со Светската банка и гаранцијата што банката ја понуди.

– Најпрво, Црвенковски се обиде да ја разубеди Светската банка, пишувајќи писмо до претседателот на банката дека во Македонија има лоши процеси и тоа беше изненадување и за оваа институција, оти обично лидерите на опозицијата кога станува збор за надворешните односи и надворешниот настап, се трудат да помогнат, да направат нешто позитивно на земјата, а внатре во државата водат борба за различни идеи. Овојпат, како и многупати претходно, тој директно се обиде да и направи штета на Република Македонија на надворешен план. Да ја сопре поддршката од страна на Светската банка на Македонија, а со тоа да сопре и многу позитивни иницијативи и реформи што се одвиваат во нашата земја. За среќа доби одговор од банката дека Македонија направи одлични реформи, дека има прогрес и е одличен пример и дека нема воопшто високо задолжување, туку умерено кое е едно од пониските во Европа со 30 проценти од Бруто-домашнито производ, вели Груевски.

Според претседателот на македонската Влада, погоден од одговорот што го добил, лидерот на опозицијата се насочил кон друг начин на негативно дејствување и правење штета, а тоа е блокада на парламентот, блокада на аранжманот со Светска банка, гаранцијата и заемот што требаше да го добиеме, како и блокада на буџетот.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Не ме изненади, познавајќи го, Црвенковски секогаш кога бил во опозиција се обидувал да победи со блокада на добрите и паметни иницијативи од власта, а не со нудење на добри и паметни иницијативи од негова страна. Не знам како ќе ги погледне в очи пензионерите, земјоделците, стопанствениците кои се задоволни што од крајот на септември кога јавно ветивме дека ќе го намалиме долгот, веќе значително сме успеале во тоа и дури и предвреме во значајна мера сме исполниле од она што го ветивме. Едноставно не знам како ќе ги погледне на избори. Но, знам дека се обидува да направи штета, да добие некој политички поен, сакајќи нас да не прикаже пред гласачкото тело како некои неспособни, некои што нема да го исполнат ветувањето, потенцира Груевски.

Премиерот смета дека е очигледно оти Црвенковски се обидува да направи штета на државата и на граѓаните, но Груевски смета дека таквата политика ќе биде казнета уште на следните локални избори, а Владата ќе бара начини да го надмине овој проблем со него.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 19:2006/08/2026 - 19:21

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски04/08/2026 - 12:2704/08/2026 - 13:51

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:14

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски28/07/2026 - 09:1028/07/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео