Груевски: Јанева штанца пријави без докази, криминалци од десниот блок сакаат да направат забуна

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на годишнината на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ повторно со напад вез специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ја обвини дека работи за опозицијата.

– Катица да е здрава и жива да си штанца пријави без вина правен основ и докази. Можеби ќе добијам обвинение што денеска сме се собрале повеќе од СДСМ, колку да си ја заработи жената платата. Исто уште стотина сдсмовци вработени таму кои го зајакнуваат капацитетот на СЈО, кое има се позначителен удел во невработеноста во Македонија.

Освен суперактивно СЈО со штанцање пријави, после притисокот врз судиите од тука и од надвор, има уфрлување на разни криминалци да направат забуна пред изборите во другите два блока, но сите се прочитана книга. Стратегијата дадена како совет од оние кои на СДСМ им кажуваат што да прават, ќе не доведе да се соочиме со ситуација како онаа со хајката против Диме Спасов, рече Груевски.

Уште само пет недели, издржавме две години, ќе го издржиме и ова и ќе изгубат. Народот воопшто не е наивен. Сега ќе го гледате Заев како оди по улици и нуди се и сешто.

Ќе прашува наредени сдсмовци како наводно граѓани и ќе прашува-тебе што ти треба? Мене ми треба точак. Рада пиши точак во програмата.

Само запрашајте се за кого треба да гласате и што може тој човек да понуди за сопствената држават, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче