Груевски: Инвестиции за подобрување на третманот на кадриоваскуларните болести

Од:

Комплетно реновирање и адаптација на објектот на Универзитетската клиника за кардиологија, формирање на Национален центар за кардиоваскуларни заболувања и хибридна сала, како и реконструкција и изградба на здравствени капацитети, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Претставувајќи нов сет мерки за унапредување на третманот на кардиоваскуларните заболувања, Груевски рече дека во изминатиот период се реализирани крупни проекти со што државата сериозно се доближила до врвните европски и светски стандарди во третманот на кардиоваскуларните заболувања.

За реновирањето на објектот на Универзитетската клиника за кардиологија ќе бидат инвестирани околу 180 милиони денари, а реконструкцијата се планира да почне од 2019 година. 

– Ова е многу значајна инвестиција, имајќи предвид дека постојниот објект на Клиниката е стар околу 40-тина години и ова ќе биде прв поголем градежен зафат на оваа клиника. Ќе се изврши комплетно обновување на инфраструктурата и ентериерот на објектот, опфаќајќи ги одделот за интензивна нега, стационарот, и други содржини, со цел овозможување посовремени услови за третман на овие пациенти. Со комплетното реновирање на објектот ќе се овозможи и унапредување на функционалноста на лифтовите, енергетската ефикасност, затоплувањето, вентилацијата, водоводот, канализацијата, противпожарната заштита, а ќе бидат комплетно обновени и прозорците, вратите, подовите, плафоните, ѕидовите и покривите на објектот, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно