Поранешниот претседател на Владата на Република Македонија Никола Грувески имал 91 советник и надворешни соработници за кои годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра, објави денеска владината прес-служба.
– Владата на Република Македонија ги следи принципите на отвореност, транспарентност и отчетност во својата работа и во таа насока информира дека сите советници на премиерот Зоран Заев се јавно објавени на официјална веб страницата, а прашањата од медиумите поврзани со нивниот број и дневни работни активности се одговараат на дневна основа. Со цел јавноста да може да направи споредба со работењето на претходната Влада, ви ги презентираме трошоците за плати на сите 91 советник и надворешни соработници на поранешниот Претседател на Владата на Никола Груевски кои изнесувале 1,73 милиони евра годишно, се вели во соопштението од прес службата на Влада.
Потенцираат дека сумата за плати која била потрошена во тој период е тројно поголема од вкупната сума која оваа Влада ја издвојува за сите советници, посебни советници и надворешни соработници на премиерот
Поради обемот на архивирана документација и нестандардното архивирање, се вели во соопштението, се уште не се обработени податоците за периодот 2006 – 2010 година за ангажирани лица како советници и соработници на поранешниот премиер Никола Груевски.
– Податоците како и имињата на лица ангажирани во Владата на Република Македонија како советници и надворешни соработници на поранешниот претседател на Владата на Никола Груевски се обработени за период од 2010 до 2016 година. Само за една година Владата на Никола Груевски за надворешни соработници и советници има потрошено 71,6 милиони денари пари на граѓаните на Република Македонија, меѓу кои биле ангажирани и надворешни соработници со плата од 7.000 евра месечно, се наведува во соопштението.
Дополнително, информираат од владината прес служба, недостасуваат податоци од авторски агенции преку кои биле ангажирани надворешни соработници, што значи дека оваа бројка од 91 советник и надворешни соработници не е финална.
– Покрај индивидуалните договори за советување поранешниот премиер Никола Груевски има договори за консултантски услуги од меѓународни агенции за застапување, правни консултации, градење на бренд, за менаџирање на углед и слично во 2015 и 2016 година. Се работи за четири договори со вкупна вредност од: 569.000 евра или 34,99 милиони денари, информираат од Владата.
Доколку се земат предвид двете суми на годишно ниво, се вели во соопштението, финалниот износ кој Владата на Никола Груевски ја има потрошено за советници и соработници на премиерот изнесува: 106,64 милиони денари или 1,73 милиони евра пари на граѓаните на Република Македонија.
Во продолжение се примањата на некои од советниците и надворешните соработници кои посебно се издвојуваат:
Во продолжение е целата листа на советници:
1. Азир Алиу
2. Александар Ѓорѓиев
3. Александар Митов
4. Александар Никовски
5. Ана Блажеска
6. Антонио Пеков
7. Бојан Петровски
8. Бранислав Саркањац
9. Вања Христовска
10. Василка Габер
11. Вера Димитриева
12. Весела Костовска
13. Виктор Михајловски
14. Виктор Новаковски
15. Виолета Марковска
16. Владо Поповски
17. Влатко Илиевски
18. Горан Лазов
19. Горан Мојсовски
20. Горан Торбаков
21. Горан Устијаноски
22. Данче Сотироска
23. Дарко Ангелов
24. Дебора Лакаордова
25. Дејан Бујишиќ
26. Дејан Герасимовски
27. Димитар Самарџиевски
28. Димитар Трифуновски
29. Димче Лазаревски
30. Дино Стеријевиќ
31. Ѓоко Николовски
32. Елена Ивановска
33. Елена Новачка
34. Елизабета Панговска
35. Иван Стојановски
36. Ирена Лесовска
37. Исмет Османи
38. Јана Глигоровска
39. Јасмина Апостолска
40. Јасминка Васкова Ташкова
41. Јордан Поповски
42. Јехошуа Шуки Глајтман
43. Катерина Димовска
44. Кенан Абди
45. Колин Џефри
46. Коче Гаврилов
47. Кристијан Арсов
48. Крсте Маљановски
49. Лазо Трпков
50. Луке Галески
51. Љупчо Ефремов
52. Марија Апостолова
53. Марија Влашчева
54. Марија Ивановска-Гуговска
55. Марија Јакимовска
56. Марина Ефремовска
57. Марјан Хрибар
58. Мартина Антиќ
59. Мартина Тевчева
60. Мери Атанасовски
61. Методиј Хаџи Васков
62. Милош Стокуќа
63. Мирвет Рамадани
64. Мичо Апостолов
65. Наталија Пешиќ
66. Ненад Коцевски
67. Панче Кралев
68. Перо Китановски
69. Огнена Никуљска
70. Роберт Валтер
71. Розета Видоеска
72. Розета Трајан
73. Сања Димитриевска
74. Саша Грујевски
75. Сашо Павлоски
76. Сашо Стефановски
77. Сенко Велинов
78. Славе Веловски
79. Славица Тодорова
80. Слободан Тодоровски
81. Слободан Трчков
82. Соња Тодороска
83. Срѓан Керим
84. Тања Костовска
85. Татјана Арсова
86. Тео Вајгел
87. Тодор Теменуговски
88. Фиданчо Велиновски
89. Христијан Мицковски
90. Христина Костовска Радинска
91. Џорџ Пери