Сакам да им порачам на СДСМ дека разликата на 11 декември нема да биде 7-8 пратеника туку ќе биде огромна и да не спијат на тоа уво дека овој народ ќе дозволи разлика од 7-8 пратеника. Тоа ќе биде една огромна победа која што после тоа ќе им биде срам да помислат на широка коалиција. Ќе имаме победа и поддршка која што ќе осигура 63 пратеника дека Македонија излага од кризата и дека СДСМ веќе нема да има простор да прави хаос во земјата и деструкции, изјави Никола Груески претседател на ВМРО ДПМНЕ и носител кандидатската листа во ИЕ 4.
-Онаа власт која што си го потценува народот, ветува се од ракав не ни треба, ни требаат луѓе кои ја водат државата кон ЕУ и Нато, Влада која што не се согласува со виткање на кичмата на Зоран Заев, за кантонизација и за проширување на рамковниот договор, нас ни е потребна стабилизација и економски напредок на државата. Да си останеме концентрирани на нашите напори за градење на Македонија, растење на пензиите, економијата, носење на инвестиции, уште повеќе иако сме на 10-то место и за отворање на нови работни места, истакна Груевски.