Премиерот Никола Груевски кој беше гостин на Сител вестите, повика граѓаните да не им веруваат на информациите кои се нагативни за него или за власта, а се објавуваат во како што ги нарече водителката на вестите “опозициските медиуми“. Според него, целта на овие дезинфорамции било да се мотивира членството на СДСМ кои биле свесни дека ќе загубеле на следните избори.
-Се соочуваат со силно демотивирано членство, се обидуваат да ја вратат надежта. Разни други лажни информации ќе има, за да создадат кај нас немир, самите се силат. Граѓаните со резерва да ги читаат овие работи, кои ќе се умножат, ќе има многу дезинфорамации во перидот што доаѓа, рече Груевски.
Тој повика СДСМ да ги достави предлозите за министри и заменици министри за што рокот е на 20 октомври.
-Ние си стоиме на зборот. Ќе чекаме СДСМ да ги даде предлозите, ние не сме добиле предлози, па еве еден апел да ги дадат предлозите па и ние да ги видиме, порача Груевски.
Според него, СДСМ е против гласањето на дијаспората зашто гласала за ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа е зашто дијаспората гласа за ВМРО-ДПМНЕ, тоа е исто како јас да побарам СДСМ каде победува, нивниот глас да не се важи и да не гласаат граѓаните. Пример , во Струмица да не се гласа каде Заев победи на минатите избори. Да имаше победа СДСМ во дијаспората таа немаше да биде дел од расправата, рече Груевски.