Груевски: Градоначалникот не може да ги оствари проектите без поддршка во Советот

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Никола Груевски вечерва од граѓаните на општина Центар побара поддршка за Владимир Тодоровиќ и за кандидатите за советници на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Да дадеме поддршка и за сегашниот и иден градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски, како и за советниците на град Скопје, порача во своето обраќање Груевски на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Центар.

Тој рече дека ова го повторува затоа што многу често се заборава тој факт и луѓето ценат дека ако го заокружиле името на градоначалникот, дека за завршиле работата. – Тоа е само половина завршена работа. Целосно завршена работа е и со поддршка на советот и заокружување на имињата на носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, нагласи Груевски.

Во своето обраќање рече дека противкандидатите на Коце Трајановски и на Владимир Тодоровиќ зад себе немаат оставено ниту едно дело и оти се служат само со навреди, со плукање, со интриги и со манипулации од типот дека Северната трибина од стадионот „Филип Втори“ можела да се сруши.
Потсети дека во време на СДСМ во општина Центар не беше изграден ниту еден капитален објект. – Она што остана од тоа време, еден од спомениците кои тие го оставија во нивното време се објектите од типот на „кинески ѕид“, дивоградбите „Тифани 1 и 2“, „Лумикс“ … Во време на СДСМ не се сеќаваме на некоја поголема реконструкција на фасади, булевари, не се изгради или реконструира некое училиште или градинка, истакна Груевски.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи, се изградија и реконструираат многу училишта, градинки, улици, булевари, паркови, изградена е националната арена, жичарница… со што на граѓаните им се подобрува квалитетот на живеењето.

Груевски ги повика граѓаните да гласаат за програма подготвувана, како што рече за шест месеци, а не како онаа на СДСМ за шест дена. – Нашата програма е подготвувана студиозно, внимателно и според потребите на граѓаните. Заедно можеме да направиме многу повеќе дела, дела за Центар, дела за Скопје, дела за Македонија, додаде Груевски.

Тој меѓудругото најави изградба на подземен коридор од булеварот „Илинден“ помеѓу Главната пошта и Владата до Комплексот банки. – Тоа ќе биде тунелско решение за оние возила кои не сакаат да се задржуваат во тој дел и да можат директно од кај Комплексот банки да излезат до „Илинденска“ и на тој начин да се растовари сообраќајниот метеж во ово дел од градот, додаде Груевски.

Од општина Центар во мандатот на Тодоровиќ, како што рече, се изврши санација и реконструкција на над 60 улици, се изгради новата катна гаража кај Судската палата со која се обезбедија над 500 паркинг места, а од неодамна почна да се гради нова катна гаража до поранешна Нова Македонија.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме