А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: „Гоце Делчев“ ќе се реконструира, „Медицинар“ ќе стане цврста градба

by А1он12/04/2013 - 14:09154
Share0

Наскоро ќе почне реконструкција на опожарениот блок во студентскиот дом „Гоце Делчев“, а се очекува и тендер за идејно решение за градење студентски дом на местото на бараките наречени „Медицинар“.

Добивај вести на вибер

Ова го најави денеска премиерот Никола Груевски по промоцијата на 25 нови стручни наслови на книги од различни научни области кои се дел од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Реконструкцијата на опожарениот блок во студентскиот дом „Гоце Делчев“, според Груевски, била планирана пред пожарот.

– Реконструкцијата на тој блок ќе почне наскоро и во текот на летото ќе заврши. Од септември студентите ќе може да се вселат во реконструиран блок, токму онаму каде што беше опожарувањето на една или неколку простории, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Овој или следниот месец, премиерот информира дека ќе има објава на тендер за идејно решение за градење нов студенти дом во „Медицинар“ и откако ќе се направи идејното и проектот ќе има и тендер за градба.

– Се надевам дека до крајот на годината ќе завршат овие процедури со проектирање и околу крајот на годината или почетокот на следната ќе почне со градба нов објект на местото од постојните бараки. Тие ќе одат во историјата и на нивно место ќе се гради тврда градба, рече Груевски.

Во однос на проектот за изградба и реконструкција на училиштата, тој посочи дека предвидена е реконструкција на околу 40, градба на 12 модуларни и изградба на 12 нови училишта.

– Само за оваа година 11 милиони евра се насочени токму за реконструкција и градба на нови училишта. Тоа е дел од Програмата на Владата, дел од ветувањата и тоа ќе биде реализирано, нагласи Груевски.

premierskopje

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:26

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Горан Наумовски22/10/2025 - 15:48

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Горан Наумовски19/10/2025 - 07:29

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен