Груевски го повика Црвенковски утре на лидерска средба

Од:

Премиерот и претседател на ВМРО–ДПМНЕ Никола Груевски денеска го поканил претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во земјава.

Според предлогот на премиерот Груевски, како што објавуваат „Дневник“ и „Курир“, средбата би се одржала утре во клубот на пратениците во Скопје со почеток во 13:30 часот. На средбата би се разговарало за изнаоѓање решенија за политичката криза и за учество на Социјалдемократскиот сојуз на претстојните избори.

Во поканата која Груевски ја испратил до Црвенковски пишува дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување, и внимание и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Република Македонија

– Република Македонија во рамките на својот државно правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна, истакнува Груевски во поканата.

За­се­га не­ма пот­вр­да од СДСМ да­ли ја до­би­ле по­ка­на и ка­ко ќе од­го­во­рат. Потпретседателот на партијата Гордан Георгиев на вчерашната прес-конференција изјави дека СДСМ би учествувал на евентуална лидерска средба, но оти таа би требало да биде инициран од власта.

Премиерот Никола Груевски вчера нај­а­ви дека би можел да свика лидерска средба како излезно решение за кри­зата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот