А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски го посети опожареното училиште во село Долно Српци, најавена изградба на ново училиште

by А1он07/09/2013 - 15:07214
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска престојуваа во селото Долно Српци, општина Могила, каде извршија увид на штетите и новонастанатата состојба со опожареното основно училиште „Кочо Рацин“.

Следете a1on на Instagram Instagram

На средбата и разговорите со месното население премиерот Груевски и министерот Спировски беа информирани за задоцнетиот почеток на новата учебна година и алтернативниот простор кој учениците од Долно Српци го користат за настава, како и за потребите од владина интервенција за повторно отворање на училиштето.

– Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ во село Долно Српци ќе имаат ново училиште со три училници и еден кабинет. Проектот е во завршна фаза, изградбата на новото училиште ќе почне напролет, и во новата учебна година, односно на 1 септември 2014 година учениците ќе имаат целосно ново и современо основно училиште, беше посочено на денешната средба меѓу премиерот Груевски, министерот Спировски и жителите на могилското село Долно Српци.

Како што е познато, основното училиште „Кочо Рацин“ во село Долно Српци, општина Могила беше целосно оштетено по големиот пожар што се случи пред неколку месеци, и до изградбата на ново училиште, наставата во оваа учебна година ќе се изведува во друг адаптиран локален објект.

obrazovaniepremier

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он28/09/2026 - 08:2128/09/2026 - 08:44

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски25/08/2026 - 13:2625/08/2026 - 13:53

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он01/06/2026 - 16:06

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:49

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:55

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски19/01/2026 - 13:1419/01/2026 - 13:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео