Груевски го честиташе празникот Св. Климент Охридски

Од:

Премиерот Никола Груевски по повод големиот христијански празник 8 Декември – Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан, до Синодот и до православните верници.

– Свети Климент Охридски е еден од најголемите светители во црковната и националната историја на македонскиот народ. Со неговата работа како учител и книжевник, просветител и архиереј се поставија темелите на нашата духовна просвета и култура, и на нашата света Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Во оваа исклучителна личност, Македонија го има временскиот стожер околу кој се врзани нашето културно и цивилизациско минатото, но и нашите сегашност и иднина, се вели во честитката.

Образецот и делата на Свети Климент, се додава, се безвременски и вечни.

– Неговата личност била израз на благост и благородност, молејќи се, тој учел за молитва, работејќи, давал пример за трудољубие, а творејќи извршил целосна духовна и културолошка преобразба на луѓето од Македонија, Балканот и пошироко. Неговите букви се пишуваа, се пишуваат и уште долго ќе се испишуваат во Македонија, задолжувајќи го и човештвото, и остварувајќи силно влијание и на општиот општествен негов развој.

Токму затоа, се наведува во честитката, Свети Климентовиот глас и име, носено од брановите на вечната светлина, одекнува веќе 11 столетија и ќе продолжи да одекнува и во иднина.

– Наша обврска е да продолжиме да чекориме по од него трасираниот пат, со трудољубива и посветена работа, со одговорен пристап, и со вложување во функција на задоволување на интересите на граѓаните, со создавање трајни дела од корист за народот, со развој на образованието и културата, и со практикување и водејќи се од системот на вредности. Нека е вечно неговото име и неговото дело ! Нека ни е за многу години големиот државен празник, стои во честитката од премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски