Најпознатиот македонски азилант, експремиерот Никола Груевски, кој е осуден на 2 години затвор во предметот „Тенк“ на СЈО, на социјалната мрежа „Фејсбук“ го следат над 222 илјади корисници.
Фан-страницата на Груевски им кликнала „лајк“ на Здрава бременост, официјалната „Фејсбук“ страница креирана од Министерството за здравство, фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, германската канцеларка Ангела Меркел, Македонската православна црква, Европската народна партија (ЕПП), Бигорскиот манастир, официјалната „Фесјбук“ страница на британскиот премиер, страницата „Инвестирај во Македонија“.
Поранешниот премиер на „Фејсбук“ следи негови сопартијци и поранешни колеги. Oд ексминистрите Груевски е следбеник на фан-страниците на неговите најблиски соработници Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Владимир Пешевски и Зоран Ставрески, но ги следи и експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ексградоначалниците Тони Трајковски, Коце Трајановски, Владимир Талески, како и за Никола Попоски, Антонијо Милошоски, Емил Димитриев…
Фан-страницата на Груевски добива известувања и за активностите од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, како и за експретседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, поранешниот партиски портпарол, Александар Бичиклиски, пратеникот Илија Димовски…
Последната објава на „Фејсбук“ датира од 20 ноември, кога Груевски сподели подолг текст дека Унгарија му доделила политички азил. Под неговата објава има илјадници коментари и стотици споделувања.
Груевски од достапните информации, ја уредувал фан-страницата од 3 локации во Македонија и од една во Унгарија. Во политичките убедувања напишал дека е конзервативец дека има силна верба во Бог и дека исклучително и посветено работел на доброто и просперитетот на Македонија.