Груевски: Екстерното тестирање е удар врз транзициското слепило

Од:

Секоја жена треба да ги има сите информации пред да ја донесе конечната одлука за абортус. Според премиерот Никола Груевски како Влада не успеале тоа најсоодветно да им го претстават на граѓаните, пред да се донесе Законот за абортус.

„Тоа беше наш пропуст, а во Парламентот и во дел од медиумите не начекаа на нож. Дури и некои наши коалициони партнери во Парламентот хистерично врескаа за да се прикажат како нечии заштитници, со цел да приграбат некој политички поен на наш грб, без предходно да го прочитаат и анализираат законот, без да дојдат на координацијата на пратеничката група за таму да се расчистат нејаснотиите.

– Излезе дека ние нешто лошо сакаме некому да направиме, а другите демек спасуваат ситуација. Некои недоволно упатени граѓани не разбраа како да сакаме да им се вмешаме во нивната интима, што апсолутно не е така.

– Невладините организации финасирани од Фондацијата „Отворено општество“ ова го видоа како шанса уште еднаш да ни се нафрлат сметајќи на слабата комуникација која ја имавме по овој закон и на неговата карктеристична чуствителност“, вели Груевски во интервју за Нетрпрес.

За екстерното тестирање вели дека е удар врз транзициското слепило

„Екстерното тестирање во основните и средните училишта е почеток на крајот на ерата во која царуваше неправично оценување кое започна како тренд во деведесетите заедно со транзицијата и новопечените богаташи, кои непосветеноста на развојот на децата сакаа да го компензираат и купуваат со поправање на нивните отценки преку притисоци врз наставниците и професорите, кои пак притиснати од дел од ваквите родители, на крај решија за да им биде чиста совеста кон оние кои немаа таква моќ, на сите да им пишуваат високи оценки.

– Не велам дека се помина идеално во првата година на екстерното отценување, ниту пак дека тоа како систем е идеално, но е голем удар за транзициското слепило кое не води кон општество без знаење, без морал, без етика, без вистински вредности, не води кон навики дека се може да се заврши без знаење и труд, по заобиколен пат, со пари, со моќ, независно дали е таа финасиска, политичка, општествена.

– Екстерното тестирање е неповратен процес. Тој само ќе се усовршува. Се враќаат вредносните системи кои почиваат на личен труд и знаење“, вели Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он