Груевски еден месец е во бегство

Од:

Македонскиот азилант во Унгарија, експермиерот Никола Груевски еден месец е во бегство. Судскиот курир минатиот месец, поточно на 9 ноември трипати се обиде, но не можеше да го пронајде Груевски на адресата од неговата лична карта. На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, 48 годишниот Груевски е последниот кој државата огласила дека бара со меѓународна потерница.

Македонија еден месец не знае како и кога точно Груевски ја напуштил зејмава. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека е познато само оти Груевски не избегал легално преку граничните премини и по воздушен пат.

Албанската полиција потврди дека Груевски на 11 ноември во 19 часот и 11 минути ја напуштил нивната територија преку граничниот премин со Црна Гора, Хани и Хотит-Божај како патник во возило на унгарската амбасада во Тирана. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, пак, соопшти дека Груевски истиот ден влегол во Црна Гора и излегол од таа држава.

Министерката за правда, Рената Дескоска, за „Макфакс“ потврди дека немаат нови сознанија и информации за екстрадицијата на поранешниот премиер во Македонија.

Предистражната постапка во Обвинителството за организиран криминал и коурпција е во тек, но нема нови детали за анализата на доказите. Издадени се наредби за прибирање документација, се прегледуваат снимките од видеокамерите од граничните премини и од крстосниците на улиците, како и известувања од институциите, а побарана е и меѓународна правна помош.

Внатрешната истрага во полицијата која е во тек, треба да утврди дали биле вклучени полициски службеници и надворешни лица во бегството на поранешниот премиер. Последната објава на „Фејсбук“ на Груевски е од 20 ноември, кога објави дека добил азил од Унгарија.

Пред неколку дена унгарската опозиција во заедничко писмо пратено до Собранието побара да му биде укинат азилот на поранешниот премиер Никола Груевски и да биде екстрадиран во Скопје. „Социјалистичката партија“, „Дијалог за Унгарија“ и „Демократска коалиција“ ја предупредија владата на премиерот Виктор Орбан, дека не го претставува само унгарскиот народ, туку и сите граѓани на Европската Унија.

Во меѓувреме, СЈО побара и доби притвор од судот за Груевски за сите случаи што ги води. Од Вроховниот суд за „Макфакс“ потврдија дека предметот за набавката на „мерцедесот“, сè уште не стигнал кај нив на одлучување.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on