Груевски: Досега се изградени 74 училишта

Од:

Изградбата на училишта во Република Македонија се одвива добро. Досега се изградени 74 училишта, од кои 11 се изградија во последната година, година и пол. Три се во фаза на градба, а уште пет ќе почнат да се градат во текот на наредната година.

Ова денеска го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање во Градската општа болница „8 Септември“-Скопје, каде беше поставен камен-темелник на бункер за нов линеарен акцелератор за потребите на болницата. 

Груевски појасни дека се работи за вкупно 19 нови училишта за период од две и пол години, земајќи ги предвид оние што се изградија годинава и лани, оние што сега се градат и оние што ќе се градат следната година и ќе се завршат за период од 8, 9 месеци или за една година. 

– Во еден период од две, две и пол години вкупно 19 училишта, толку колку што немало во сите мандати на СДСМ заедно. Во нашите мандати досега се изградени вкупно 74 училишта. Во моментов се градат дополнителни три, а следната ќе почнат да се градат уште пет и тој тренд ќе продолжи и подоцна, во наредните години, нагласи Груевски. 

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања