Груевски до Самарас: Да се видиме уште оваа седмица

Од:

Минатата недела премиерот Никола Груевски упатил писмо до својот грчки колега Андонис Самарас, во кое му предлага начини за надминување на застојот во разговорите за разликите за името на нашата држава,.

„Дневник“, се повикува на дипломатски извори, кои истакнале дека станува збор за писмо со чија содржина се предлага нешто што е многу посуштинско од средбите меѓу премиерите на двете држави што се случувале во минатото.

„Да се видиме уште оваа седмица“, пишувало во писмото од Груевски до Самарас, во кое било наведено дека во секој случај, веројатно, двете земји би имале придобивка од решение, што во овој момент не е можно бидејќи разговорите не напредуваат така како што би требало и така како што се очекува.

Поради тоа, дознава „Дневник“, тој му предлага на Самарас создавање тимови на чело со премиерите на двете држави, кои директно би разговарале за решавање на спорот и бара поддршка од Самарас за почетокот на пристапните преговори на РМ со ЕУ. Груевски му предложил на грчкиот премиер создавање тимови на чело со премиерите на двете држави, кои директно би разговарале за решавање на спорот и побарал поддршка од Самарас за почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Македонскиот премир во писмото потенцирал дека разговорите би се одвивале во рамките на мандатот на амбасадорот Нимиц за изнаоѓање решение.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on