Груевски до Георгиев: Да се затворам во соба? Дајте соземете се малку!

Од:

Опозицијата обвини дека  4 месеци пред избори власта создава атмосфера за нефер избори . Како доказ потсетија на 250-те  милиони земен  кредит , носење на Изборниот  законок  без консензуз, најавите за март за  зголемување на пензиите, уцените  и заканите  да не се гласа за кандидатите на опозицијата бидејќи централата нема да помагала во тие општини.

„ Ние ги дадовме документите со доказите за скандалот во Ресен. Како ќе докажете дека фер избори ќе направите, кога носите луѓе за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, и им се издава стан наводно за без денар, само за да добијат живеалиште во Ресен. Во врска со скандалот со скопските  300 партиски  вработувања. дали мислите дека Коце Трајановски треба да сугерира оставки за некои директори “, праша Гордан Георгиев

„СДСМ бара алиби за поразот на изборите.Ние стално ги зголемуваме пензиите и социјалната помош, тоа е во нашата програма, што има тука нефер и недемократски.Зошто вие не ги зголемувавте пензиите?Концентрирајте се да си ги решите вашите проблеми. Вака нема да просперирате.Еве го повикувам обвинителството да ги прегледа доказите за Ресен. Со вакви манипулации сакате да ја доведете во прашање перцепцијата за државата.Како не ви е срам пак да ја правите истата приказна како во 2011? Сменете нешто“, му порача Груевски на Георгиев.

„Како не ви е срам да побарате премиер и министрите да не се појават на избори. Да се затворам ли во соба?Дајте соземете се малку“, рече премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги