Груевски до Филе: Целосно застануваме на имплементирање на Извештајот

Од:

Премиерот Никола Груевски испрати писмо до еврокомесарот Штефан Филе, во кое го информира за исходот од разговорите што се водеа во ад хок Комисијата за расветлување на настаните пред и на 24-ти декември кои се случуваа надвор и во Собранието на Република Македонија.

Владата, пишува Груевски, предводена од ВМРО ДПМНЕ целосно се вложи во конституирањето на ад хок Комисијата. Успешно ги надминавме предизвиците кои стоеја на патот на избор на претседател на Комисијата, а на висина на задачата бевме и при усвојување на комисискиот Извештај.

„И покрај тоа што претставниците на владејачката ВМРО ДПМНЕ на чинот на потпишување на Извештајот ставија забелешки односно несогласување за правните квалификации искажани во истиот, би сакал да истакнам дека целосно застануваме на имплементирање на препораките содржани во Извештајот. За таа цел веднаш пристапивме кон конституирање на Работна група за спроведување на препораките на Извештајот кои ќе помогнат во надминување на причините кои ги предизвикаа немилите настани и ќе придонесе за дополнителна политичка стабилност во општеството“, пишува премиерот.

Би можело да ве интересира

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on